Свет Индија-САД

Моди и Трамп разговарале „за добриот напредок постигнат во трговските преговори“

Трамп воведе царина од 50 проценти за повеќето производи од Индија.

Моди и Трамп разговарале „за добриот напредок постигнат во трговските преговори“

Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска изјави дека телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп „за добриот напредок постигнат во трговските преговори“.

Министерство за трговија и индустрија на Индија соопшти дека наскоро се очекува нов круг преговори помеѓу Њу Делхи и Вашингтон.

Трамп воведе царина од 50 проценти за повеќето производи од Индија. Тоа е една од највисоките царини за кој било трговски партнер на САД.

Мерката влијае на околу 50 милијарди долари индиски извоз во САД, главно во текстилот, скапоцените камења и накитот, како и ракчињата.

To top