Дефанзивецот на македонската фудбалска репрезентација Висар Муслиу во пресрет на мечот со Белгија на средбата со новинарите изјави:
„Лесна мисија нема да имаме, тоа одамна го знаеме. Го нема Лукаку, но тука се Опенда и Батчуаји. Не се на ниво на Лукаку, но се фудбалери кои редовно играат во Лигата на шампионите.
Белгија ги има и Доку и Ваинекен и тоа се квалитетни фудбалери. Играме против многу моќен ривал и сите треба да бидеме како во Скопје , за да ја исполниме целта. Ќе дадеме максимум, ќе бидеме дисциплинирани и само така можеме да вратиме на довербата на селекторот
Белгија си има свои математики, не знам што мислат за нас, но покажаа респект и тоа кажува многу работи. Утрешниот е витален натпревар и за нив ” додаде Муслиу.
Мечот Белгија-Македонија се игра утре во 20 часот и 45 минути.