Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Горан Ангеловски.
Тие разговарале за низа клучни теми поврзани со побезбедна Кисела Вода и за идните проекти меѓу кои:
Зона на смирен сообраќај;
„Безбедни во сообраќајот“;
Обнова на сообраќајната сигнализација;
Подобрување на безбедноста околу училиштата и градинките;
Изградба на пешачко-велосипедски патеки.
Безбедноста е мој врвен приоритет. Затоа, во соработка со надлежните институции, планираме да започнеме системска едукација и превентивни активности за учениците. Проектот „Безбедни во сообраќајот“ има за цел значително да ги намали ризиците од сообраќајни незгоди, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.
По средбата, остварив и конструктивен разговор со сопствениците на такси-компаниите од општината. Таксистите, како луѓе кои секој ден се најприсутни во сообраќајот и директно ја чувствуваат реалната состојба на улиците, имаат вредни увидувања и искуства. Затоа заедно дискутиравме за тековните предизвици и можните решенија за подобрување на услугата и условите за работа, потенцира во објавата на својот фејсбук профил.
На денешната кафе- средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, г. Горан Ангеловски…
Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Thursday, October 9, 2025