Кандидато за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски објави дел од својата предизборна програма со што ќе бидат обезбедени по 3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел.
„Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари.
Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.
Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство“, потенцира Костовски.
3️⃣0️⃣0️⃣0️⃣ ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНО ДЕТЕ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ! 👶💙
Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата…
Posted by Дарко Костовски on Thursday, October 9, 2025