Македонија корените секогаш те влечат дома

Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината

Оваа посета е уште еден показател дека со јасна визија и посветена работа, Берово има потенцијал да привлече сериозни инвеститори и да создаде нова иднина за своите граѓани, објави Ружински.

Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината

Берово имаше можност да го угости светски познатиот актер Милош Биковиќ. Сепак, неговата посета не беше само од пријателски карактер, туку имаше и конкретна работна цел – разговори за реализација на досега најголемата поединечна инвестиција во општината, објави Петар Ружински кандидат за градоначалник на општина Берово.

Иницијативата за оваа средба и за целата идеја потекна од Петар Ружински, кој со својот план и визија успеа да го привлече вниманието на актерот и да го донесе во Берово.

Биковиќ, кој истакна дека има силна емотивна врска со нашиот крај поради семејните корени, ја објасни својата мотивација со следниве зборови:

„Корените секогаш те влечат дома. Но, визијата е она што те убедува да инвестираш во иднината. Во разговорот со Петар Ружински, јас ја видов таа визија за Берово“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според најавите, оваа значајна инвестиција се очекува да донесе повеќекратни придобивки за регионот:

-Забрзан економски развој и отворање на нови, квалитетни работни места. Нов импулс во туризмот, со што Берово ќе се позиционира на пошироката туристичка мапа. Оваа посета е уште еден показател дека со јасна визија и посветена работа, Берово има потенцијал да привлече сериозни инвеститори и да создаде нова иднина за своите граѓани, објави Ружински.

Познатиот актер Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на…

Posted by Петар Ружински за Општина Берово on Wednesday, October 8, 2025

Најнови вести од Македонија

To top