Македонија ви се обраќам пред се лично, како човек, татко, сопруг, пријател

Лукровски: Тие што денес зборуваат за одбрана на Карпош токму тие го оставаат во ваков хаос

Дополнителна фрустрација е бетонизација на мојата некогаш зелена општина што денес во многу делови е претворена во монолитен бетонски пејсаж лишен од животот, додаде Лукровски.

Лукровски: Тие што денес зборуваат за одбрана на Карпош токму тие го оставаат во ваков хаос

Во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање од народниот митинг имаше кандидатот за градоначалник за општина Каропш, Сотир Лукровски.

-Вечерва ви се обраќам пред се лично, како човек, татко, сопруг, пријател. Како ваш сосед кој заедно со вас со години живее во Карпош. Ве се обраќам како човек кој секојдневно со вас живее реален живот, обременет со реални проблеми, разочарувања и предизвици, рече Лукровски.

На неколку стотини метри од тука во соседното маало раснат моите деца, ги воспитувам да бидат скромни, чесни граѓани, да ја сакаат својата општина и да се грижат за неа како шро се грижат и негуваат љубовта кон својот дом, општина Каропш, нејзините улици, паркови и зеленила, инфраструктура се нашиот заеднички дом, нашето огниште кое мораме да го чуваме, обновуваме и надградуваме, потенцира Лукровски.

Заедно секојдневно ги чекориме овие улици, седиме на нашите маалски клупи, додуша оставени на забот на врмето, се вознемирувам и јас кога се движам по сообраќајниот метеж и секојдневно со дилемата каде ќе го паркирам мојот автомобил кога ќе дојдам пред зградата. Дополнителна фрустрација е бетонизација на мојата некогаш зелена општина што денес во многу делови е претворена во монолитен бетонски пејсаж лишен од животот, додаде Лукровски.

Зошто живееме во ваква реалност, праша Лукровски.

-Бидејќи секој од вас е сведок на мизеријата што ја ставаат зад себе незавршени проекти, лажни ветувања и трошоци без никакви резултати. Улици започнати но недовршени, катни гаражи што останаа само на цртеж, легализации што се влечат со години, паркови претворени во депонии, култура и спорт сведени на испод минимум. Тие што денес зборуваат за одбрана на Карпош токму тие го оставаат во ваков хаос. Доста е од веќе видени ликови и бајати трикови. Од нив треба да го одбраниме карпош, потенцира Лукровски.

To top