Хроника ОВР Дебар

На семејна веселба пукале со огнено оружје, предизвикале опасност по животот на гостите

На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости.

На семејна веселба пукале со огнено оружје, предизвикале опасност по животот на гостите

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости.

По преземени мерки во координација со јавен обвинител, пронајден и лишен од слобода е Ф.П. и одземен му е пиштол „магнум“, додека при претрес извршен по судска наредба, во куќата каде била семејната веселба, сопственост на Б.П. и пријавената А.П., пронајден и одземен е пиштол „стејр“, додека од пријавената А.П. одземен е пиштол „глок“ со 34 куршуми.

Најнови вести од Хроника

To top