Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска во гостување на Радио Лидер, говореше за приоритетите кои ќе ги реализира во следните 4 години. Како прв приоритет таа го спомена паркирањето, за коешто рече дека иако се направени над 1500 паркинг места во овој мандат, тоа не е доволно и дека силен фокус ќе биде зголемување на паркинг местата.
Како едно од покрупните ветувања, Стаменкоска Трајкоска најави изградба на нова катна гаража.
-Позади, помеѓу граѓаните позната како пеглата, ќе се гради катна гаража во соработка со град Скопје, но исто така и на детектирани места како што ќе може да се изградат и монтажни паркинг простори, но исто така и нови дополнителни паркинг места, истакна таа.
Стамекоска Трајкоска рече дека програмата е правена со голем број на експерти дека е навистина задоволна од истата, како што потенцираше, таа програма ќе и биде водилка во наредниот период.
-5 приоритетни проекти, системска програма за урбана и здрава животна средина пошумување на Кисела Вода, младински центар во Драчево, ново паркирање нов ред, голем акцент ќе ставиме на овој приоритет, како и нова општинска зграда, каде предвидувам во следните 4 години да се направи проект и идејно решение со проектна документација, најави Стаменкоска Трајкоска.
Во делот на патната инфраструктура, таа најави соработка со Градот Скопје и идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, затоа што жителите на Кисела Вода ќе имаат голем бенефит од истото.
-Изградба на нова улица или ново сообраќајно решение како сакате, од Маркова река кај Драчево до бул. Србија, позади ОХИС, и во голем процент ќе се растерети онаа гужва која што ја имаме во утринските часови, рече таа и додаде:
-Пешачко велосипедска патека, обиколка на Кисела Вода, има многу убав начин на којшто луѓето треба да уживаат и да се движат, со што ќе се поврзе општина која во соработка на Градот ќе ја направиме, заклучи Стаменкоска Трајкоска.