Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон постави историски рекорд во Формула 1, освојувајќи најбрз круг на трката за Големата награда на Сингапур, со што го надмина рекордот на Михаел Шумахер, иако заврши осми.
Возачот на Ферари и седумкратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го собори рекордот на Михаел Шумахер на трката за Големата награда на Сингапур.
Иако трката не му беше најуспешна и заврши на осмото место, Хамилтон успеа да го постави најбрзиот круг на патеката.
Со оваа победа во статистиката, тој успеа да постигне нешто што досега им успеало само на легендарниот Шумахер – 16 години по ред, барем на една трка годишно да има најбрз круг.