Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Бандата црвена мора да одговара! Прочка не смее да има!

Без нималку скромност, јавно и отворено кажувам дека не смее да се ставаат под тепих нарачките, злоупотребите и сатанизирањето на тие на кои им го должат мирот и државата, посочува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Бандата црвена мора да одговара! Прочка не смее да има!

ОЈО за ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека злоупотребите на службите ќе поминат туку така? Демек фатија избори и готово, би свадба и помина… Без нималку скромност, јавно и отворено кажувам дека не смее да се ставаат под тепих нарачките, злоупотребите и сатанизирањето на тие на кои им го должат мирот и државата, посочува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо благодарност до нив, тие го удриле сатарот. Класичен антимакедонски чин. Епа таквите ликови – и нарачателите и извршителите не смее да шетаат слободни и да мешетарат низ државата туку треба да одговараат. Па дури да земаат и државни плати и пензии. Кратко и јасно – мора да одговараат, веи Ковачки.

„Бандата црвена мора да се демонтира до последен! Прочка не смее да има„ – порача тој.

Најнови вести од Македонија

To top