Македонија локлни избори 2025

Стојкоски: Главната артерија на Хром ќе ја реконструираме од темел

Тој потенцира дека во реконструкцијата ќе бидат обезбедени 1000 метри нова атмосферска канализација, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, нови тротоари и нов коловоз.

Стојкоски: Главната артерија на Хром ќе ја реконструираме од темел

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски најави целосна реконструквија на улица Воин Драшковци во Хром.

-Главната артерија на Хром ќе ја реконструираме од темел, да може да им служи на жителите и да ја зголемиме безбедноста на сите учесници во сообраќајот, објави Стојкоски.

Тој потенцира дека во реконструкцијата ќе бидат обезбедени 1000 метри нова атмосферска канализација, реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, нови тротоари и нов коловоз.

Средствата се обезбедени, Хром заслужува современи сообраќајници. Покажавме дека можеме и знаеме да работиме, продолжуваме уште посилно, потенцира во објавата Стојкоски.

🤝 ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. ВОИН ДРАШКОЦИ ВО ХРОМ

Главната артерија на Хром ќе ја реконструираме од темел, да може…

Posted by Александар Стојкоски on Monday, October 6, 2025

To top