Македонија помоција на проект

Стефковски: Заедно до енергетско-ефикасни фасади

Во мојот втор мандат како градоначалник на Општина Гази Баба, започнуваме со субвенции за изградба на енергетско-ефикасни фасади на објектите за колективно домување, потенцира во објавата Стефковски.

Стефковски: Заедно до енергетско-ефикасни фасади

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од редовите на владејачката партија, Бобан Стефковски, го објави еден од проектите од неговата предизборна програма.

-Во мојот втор мандат како градоначалник на Општина Гази Баба, започнуваме со субвенции за изградба на енергетско-ефикасни фасади на објектите за колективно домување, потенцира во објавата Стефковски.

Стефковски ги наведе и причините зошто овој проект е важен и наброи:
– Намалени сметки за струја и греење;
– Подобра топлинска изолација;
– Помала потрошувачка на енергија;
– Позелена и поодржлива заедница;
– Подобрен изглед и вредност на зградите.

Ова не е само фасада – ова е инвестиција во подобра иднина за сите нас! Продолжуваме заедно – чекор по чекор, кон модерна и енергетски ефикасна Гази Баба, потенцира во објавата Стефковски.

🏢🔧 Проект: Заедно до енергетско-ефикасни фасади! 🌱💡

✅Во мојот втор мандат како градоначалник на Општина Гази Баба,…

Posted by Бобан Стефковски on Monday, October 6, 2025

To top