Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 05.10.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Тодор Чангов“ и ул.„43“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Т.(38) од Скопје и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(56) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top