Битола чекори кон иднината како модерен, зелен и европски град. Време е да ја претвориме во вистински Вело град, вели Тони Коњановски, градоначалник на Битола и кандидат за уште еден мандат.
-Покрај досегашните изградени 5 километри, ќе продолжиме да градиме мрежа на велосипедски патеки што ќе ја поврзат Битола, а со тоа ќе им овозможиме на граѓаните побезбедно и поеколошко движење. На улицата „Филип II Македонски “ ќе се реконструираат тротоарите и ќе се изгради нова вело патека од Јавор до кружниот тек на влезот од Прилеп. Создаваме услови за воведување на платформи за изнајмување велосипеди на брз, едноставен и практичен начин. Дополнително, ќе комплетираме вело-структура со нови паркинзи и ќе продолжиме со субвенции за велосипеди, за секој да може да избере здрав и еколошки превоз. Вело Битола не е само проект, тоа е вистински избор за растеретен, здрав и еколошки град, рече тој.