Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски беше во посета на општина Василево. Николоски заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Славе Андонов извршија увид на новоизградената градинка во село Ангелци.
-Нова градинка во Ангелци во општина Василево. Во оваа градинка од ноември ќе се згрижат 53 дечиња до 6 годишна возраст, објави Николоски на својот фејсбук профил.
Нова градинка во Ангелци во општина Василево.
Во оваа градинка од ноември ќе се згрижат 53 дечиња до 6 годишна возраст.
Posted by Aleksandar Nikoloski on Sunday, October 5, 2025