Македонија Кондово

Муцунски: Орце ќе има силна поддршка од Владата затоа што нуди реални и остварливи проекти за поквалитетен живот

Силата и поддршката ја црпиме од народот, затоа имаме доблест да разговараме со граѓаните, да ги погледнеме во очи, да ги слушнеме нивните размислувања и да понудиме конкретни решенија за предизвиците, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Муцунски: Орце ќе има силна поддршка од Владата затоа што нуди реални и остварливи проекти за поквалитетен живот

ВМРО-ДПМНЕ работи чесно и одговорно. Силата и поддршката ја црпиме од народот, затоа имаме доблест да разговараме со граѓаните, да ги погледнеме во очи, да ги слушнеме нивните размислувања и да понудиме конкретни решенија за предизвиците, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

-Попладнево, заедно со Орце Ѓорѓиевски и Мартин Стојановски се сретнавме со жителите на Кондово. Во отворен и неформален разговор, зборувавме за проектите реализирани од страна на Владата, но и за оние што градската администрација, со поддршка од централната власт, ќе ги спроведе во овој дел од Скопје.
Орце ќе има силна поддршка од Владата затоа што нуди реални и остварливи проекти кои ќе донесат поквалитетен живот, рамномерно за сите делови на градот, истакна Муцунски.

To top