Македонија локални избори 2025

Ружински: Нови можности за младите во Берово, модерен младински хаб простор за иновации, учење и претприемништво

Ова ќе биде место каде секој млад човек со добра идеја ќе добие, бесплатен простор, менторство и поддршка да го започне својот бизнис, истакнува Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Берово.

Ружински: Нови можности за младите во Берово, модерен младински хаб простор за иновации, учење и претприемништво

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово Петар Ружински објави видео порака до своите сограѓани.

„Најголемата обврска што ја имаме е да создадеме иднина за нашите деца, тука во Општина Берово. Со години гледаме како празниот бизнис инкубатор е симбол на пропуштените шанси за младите“, изјави Ружински.

-Ние тоа ќе го смениме. Ќе го претвориме во модерен младински хаб – простор за иновации, учење и претприемништво. Ова ќе биде место каде секој млад човек со добра идеја ќе добие, бесплатен простор, менторство и поддршка да го започне својот бизнис, истакнува Петар Ружински, кандидат за градоначалник на Берово.

Инвестираме во идеите, а не во празни згради. Заокружете го бројот 9 за иднината на општина Берово.

To top