Македонија обраќање

Мицкоски: Промените во Битола се случуваат 4 години, Коњановски е човек кој нема да ве остави сами

Промените во Битола се случуваат веќе четири години и во едни тешки услови за локалната власт поради блокадите од минатата влас, но работите се движе затоа што Тони Коњановски е човек со енергија и човек со нескршлива волја за работа кон својата родна Битола, порача од митингот во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Овие избори се влог за твојата улица, за твојата градинка, твоето училиште, твојот парк… тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред или ќе дозволиме да не вратат назад, таму каде што надежта се губеше, а довербата се рушеше. Одлуката е да имате ваш, твој човек во општината. Тоа е оној што нема да те остави сам, овој пат тоа е твојот градоначалник, човек кој се докажа со работа, посветеност и со резултати. Човек на кој можеш да се потпреш затоа што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за сите други, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека од другата страна има прочитана книга, мислејќи на како што тој ја нарече коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА.

Најнови вести од Македонија

To top