Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бител, Дарко Костовски, објави дел од предизборните цели и задачи за општината.
Уредувањето и подигнувањето на нови зелени површини се наша задача и цел. Посветено, во тој правец уредивме и создадовме 33.000 м2 ново зеленило, објави Костовски.
„На местото на запуштените простори низ цела општина Бутел изградивме нови зелени и урбани површини:
Парк Радишани – 10.000 м2
Парк Серава – 5.000 м2
СРЦ „Македонија“ – 6.000 м2
СРЦ „Бранители“ – 5.000 м2
СРЦ „Го сакам Бутел“ – 2.000 м2
Парк „Олимписки сон“ – 1.000 м2
Плоштад „Слобода“ – 2.000 м2
Парк покрај улица Бутелска – 3.000 м2
Ново зеленило во Скопје Север – 1.500 м2
Улица 8 – 500 м2, наведува во објавата Костовски.
И понатаму продолжуваме со проекти за зазаеленување и подигање на нови зелени површини и паркови во општина Бутел. Нов мега парк на булевар Христијан Тодоровски Карпош, нов парк на улица Радишанска на потегот од 3 влез до Побошки пат и многу нови зелени површини се дел од визијата за наредните четири години, додаде Костовски.
Број 9 за зелена, модерна и урбана општина Бутел!
🌳 СОЗДАДОВМЕ 3️⃣3️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ м2 ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ❗️
Уредувањето и подигнувањето на нови зелени површини се наша задача и…
Posted by Дарко Костовски on