Хроника следува пријава

Уапсено лице од Куманово: Долго време сладел и вознемирувал девојка

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уапсено лице од Куманово: Долго време сладел и вознемирувал девојка

Вчера, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово, соопшти МВР.

На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top