Македонија Мицкоски во посета на Ресен

Мицкоски во посета на Ресен: Продолжуваме со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Заедно со Јован Тозиевски – Градоначалник на Општина Ресен го пуштивме во употреба детскиот парк во центарот на општина Ресен.

Мицкоски во посета на Ресен: Продолжуваме со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил во посета на Ресен каде ја промовирал кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

„Денеска продолжуваме со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Ресен.

Заедно со Јован Тозиевски – Градоначалник на Општина Ресен го пуштивме во употреба детскиот парк во центарот на општина Ресен.

Исто така присуствувавме на пуштање во употреба на завршените проекти, канализација на ул. „11 – ти Септември”, игралиштето во ООУ „Мите Богоевски”, градски стадион Ресен каде што е променета заштитната ограда околу стадионот, како и посета на ЈКП Пролетер каде што се набавени трактори со опрема за зимско одржување на улиците“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top