На 29.09.2025 во 16:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, на место викано Ростушко Анче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(51) од Дебар, товарно возило ,,мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(59) од Скопје и патничко возило ,,мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од Б.А.(43) од Република Албанија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од возилото „фолксваген бора“, Ф.Ч.(46) од Дебар и сопатникот од патничкото возило ,,мерцедес“, Г.К. од Република Албанија, додека сопатничката од истото возило О.М. се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Дебар.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.