Музика Промотер

(ВИДЕО) Мелани Тарчуловска ја опеа големата, но трагична љубов на Гоце Делчев и неговата несудена невеста – „Јанка Гоцева“

Песна во која младата Тарчуловска ја опева големата љубов на Гоце Делчев и неговата несудена невеста – „Јанка Гоцева“, како што е насловена песната.

(ВИДЕО) Мелани Тарчуловска ја опеа големата, но трагична љубов на Гоце Делчев и неговата несудена невеста – „Јанка Гоцева“

Наследничката на македонската фолк пејачка Соња и бранителот Јохан Трачуловски, младата и убава пејачка Мелани тргна гордо да чекори по стапките на нејзината мајка, покажувајќи дека се’ подобро и посигурно плива во естрадно – музичките води.

Кон крајот на месец јуни се појави со поп песна, спакувана во ар ен би ритам, со заразен рефрен кој се повторува и лесно влегува во уво, па така нејзината „Шах-Мат“ брзо го најде својот пат до слушателската публика.

Веднаш потоа, кон крајот на летото и почетокот на есента младата пејачка решила да си ја проба среќата појавувајќи се на аудицијата и во најурбаното регионално музичко натпреварување „IDJ Show“, кое годинава можат да го следат на ТВ Сител и гледачите во Македонија.

Само неколку дена од нејзиното претставување во ова музичко натпреварување, Мелани ја изненади јавноста со нова песна. И тоа не било каква, не поп, ар ен би или брза урбана, туку необична етно балада во која се вткаени стихови со патриотска содржина. Песна во која младата Тарчуловска ја опева големата љубов на Гоце Делчев и неговата несудена невеста – „Јанка Гоцева“, како што е насловена песната.

Printscreen / Youtube /
Melani Tarculovska

Полна со емотивен набој и лирика во која се испреплетуваат модерната вокална изведба на Мелани и стилизираниот добро препознатлив македонски фолклор, измиксан со современиот звук, песната буди единствени чувства. Емоции од кои ќе ве полазт морници потсетувајќи ве на најголемиот македоски син, учителот, апостолот на македонската револуционерна борба, великиот Гоце Делчев и неговата голема и до крај неостварена љубов со неговата Јанка Каневчева од Кукуш (во песната опеана како Јанка Гоцева), прекината со неговото трагично загинување во село Баница.

Спој на патриотска гордост и љубовна лирика за една насилно прекината љубовна приказна, љубов опишана како тивка и силна – исполнета со писма и средби во скриените моменти. Љубов симболизирана како една од најубавите, но и најтажните љубовни приказни во македонската историја. Понекогаш дури и споредена со онаа на „Ромео и Јулија“ – но во национално-револуционерен контекст. За неа има народни приказни, текстови, дури и книжевни обиди за романсирање како што е романот на Блаже Миневски „Ако се родат некакви чувства“… И секако, сега оваа песна за „Јанка Гоцева“!

Музиката и стиховите се авторско дело на Мишко Талевски, додека аранжманот е на браќата Тавитјан, во чие студио е снимена, миксана и мастерирана песната.

„Јанка Гоцева“ е визуеллизирана со едноставно, но мошне ефектно и функционално видео во кое единствено учествува самата Мелани, која исто така одлично ја одиграла дадената ролја во сите зададени сцени. Видеоспотот го потпишува „Томато продукција“, зад чија замисла и реализација стои Бане Поповиќ.

Со оваа изведба младата пејачка покажува дека и народната музика или поточно стилизираниот фолклор го владее и и’лежи подеднакво, ако не и уште подобро, па не би било чудно Мелани да ја слушнеме и во иднина со некоја слична изведба како оваа, за тажната и трагична љубовната приказна за Даскалот и неговата животна љубов – „Јанка Гоцева“, етно балада која можете да ја проследите во продолжение…

Најнови вести од Музика

To top