Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ружински: Со чесна работа и посветеност Берово одново ќе заживее

Сега јас ви го давам зборот, да почнеме одново со чесна работа, со посветеност и со вистинска грижа за секое семејството во Берово, за секој човек, човечки, рече Ружински.

Ружински: Со чесна работа и посветеност Берово одново ќе заживее

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово Петар Ружински објави видео порака до своите сограѓани.

„Гледавме како во овие четири години ветуваа многу а направија малку.

Гледавме како улиците остануваат недовршени, младите заминуваат, а Берово тоне, но најважно, изгубена е довербата.

Сега јас ви го давам зборот, да почнеме одново со чесна работа, со посветеност и со вистинска грижа за секое семејството во Берово, за секој човек, човечки.

Јас сум Петар Ружински, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, изјави Ружински!

Најнови вести од Македонија

To top