Товарниот брод „Минерваграхт“, со 19 морнари, кој пловел под холандско знаме, е погоден од експлозивна направа во Аденски Залив, потврди денеска поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ и операторот на бродот.
Во нападот повредени се двајца морнари, а значително е оштетен и брод на кој избувна пожар. Но, се уште не е потврдено дали нападот го извршиле јеменските бунтовници Хути, кои од 2023 година напаѓаат бродови во Црвено Море, за кои претпоставуваат дека се поврзани со Израел.
Морнарите, кои се од Русија, Украина, Филипини и Шри Ланка од оштетениот брод се евакуираат со хеликоптер.