На филмскиот фестивал во Цирих се појави нова ѕвезда – Тили Норвуд. Нејзиното име станува сè попопуларно во индустријата, но Тили не е вистинска личност. Таа е првата актерка со вештачка интелигенција – програмски код со невин израз и големи очи, зад кои лежи огромен потенцијал.
Создадена од Xicoia, студио за таленти со вештачка интелигенција основано од Particle6, во сопственост на холандската актерка и дигитална продуцентка Елин ван дер Велден.
Пред неколку месеци, Тили ја доби својата прва улога. Станува збор за краток филм „Вештачки комесар“ во кој сè е генерирано од вештачка интелигенција – актери, гласови, сценографија и околина.
Ван дер Велден откри во интервју за Deadline дека на почетокот имало многу скептицизам.
View this post on Instagram
-До февруари имавме бројни состаноци и сите велеа: „Не, ништо посебно. Ова нема да функционира“. Но, веќе во мај слушнавме: „Мораме да направиме нешто заедно“. Кога ја лансиравме „Тили“, луѓето се прашуваа што е тоа. А денес се подготвуваме да објавиме која агенција ќе ја претставува во наредните месеци, бели Ван дер Велден.
Амбицијата е јасна – Тили Норвуд треба да стане новата Скарлет Јохансон или Натали Портман.
„Луѓето почнуваат да разбираат дека креативноста не мора да биде ограничена со буџет. Кога нема такви бариери, вештачката интелигенција може да донесе многу позитивни работи. Сè е во промена на перспективата. Ерата на синтетички актери не доаѓа – таа веќе е тука“, рече Ван дер Велден.