Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на почетокот на изборната кампања се обрати на сограѓените.
„Со голема чест и одговорност Ви се обраќам. Од првиот ден кога ја презедов функцијата градоначалник на општина Гази Баба, па сè до денес, секој чекор, секоја одлука и секој проект ги носев со една мисла – да Ви служам на Вас, моите сограѓани, чесно, посветено и со цело срце.
Да се биде градоначалник на Гази Баба не е само функција. Тоа е доверба. Тоа е обврска. Тоа е чест што ретко се добива, а секогаш мора да се оправда.
Овие избори не се обични. Ова е избор помеѓу напредокот и стагнацијата. Избор дали ќе продолжиме заедно да ја градиме модерната и функционална Гази Баба, или ќе дозволиме повторно да се вратиме назад во време на заборавени населени места и лажни ветувања.
Ова е избор за твоето маало. За твојата улица. За иднината на твоето семејство.
Јас сум Бобан – твој сосед, твој пријател, твојот човек во општината.
Те повикувам повторно да ми ја дадеш твојата поддршка. За да продолжиме со нови проекти, нови инвестиции и нови успеси за нашата Гази Баба.
Со твојата поддршка, знам дека можеме уште повеќе.
Знам дека Гази Баба може уште подобро! Никогаш не заборавај – јас сум твојот човек во општината“, објави Стефковски.
Драги соседи, почитувани сограѓани,
Со голема чест и одговорност Ви се обраќам токму на почетокот на оваа нова изборна…
Posted by Бобан Стефковски on Sunday, September 28, 2025