Во 2023 година, во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси, што значи по еден потрес на секои 30 минути, објави веб-страницата Sky TG 24, цитирајќи го Националниот институт за геофизика и вулканологија.
Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени.
Сеизмички најактивна област била Сицилија со вкупно 181 сеизмички настан со магнитуда поголема од 2 степени, додека Сардинија е област со најмала сеизмичка активност. (МИА)