Кандидатката за градоначалничка на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на осветувањето на новиот храм „Свети Константин и Елена“.
Таа истакна дека овој храм не е само Божји дом, туку и духовен центар за идните генерации.
-Осветувањето го изврши Неговото Блажество Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Овој свет храм сведочи дека Скопје останува град на традиција, духовност и надеж. Нека биде потсетник дека заедно треба да градиме не само храмови, туку и мостови на разбирање, вредности и љубов, вели Стаменкоска Трајкоска.