Градоаначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и кандидат за нов мандат пред почетокот на кампањата на ѓорчепетровци им порача дека знаат дека промените не доаѓаат одеднаш.
-Тие доаѓаат чекор по чекор. Со луѓе кои ја чувствуваат улицата, кои ги споделуваат твоите сништа,
се радуваат на твоите успеси,и не ветуваат чуда – туку макотрпна работа и одговорност. Поминавме одлични четири години, години на напредок, на развој, на придвижување на работите. Тргнуваме од секој дом, од твоето маало, од местото каде сите ние сме пораснале заедно, вели Стојкоски.