Стевчо Јакимовски е лице ставено на Црната листа на САД за криминал и корупција. Нашите стратешки партнери за Стевчо Јакимовски имаат информации дека е криминалец, кој злоупотребува позиција и прави криминал со градби, изјави Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош.
„Во соопштението на Стејт Департментот кој го стави Јакимовски на црна листа стои:
„Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“.
САД јасно констатираат дека Стевчо Јакимовски се мешал во јавни набавки со цел за себе и за неговите соработници да направи имотна корист. Или народски кажано Стевчо Јакимовски местел тендери“, потенцира во изјавата Миновска.
Воедно САД укажуваат дека Јакимовски се мешал во урбаниот развој, или народски кажано правел ДУП-ови по желба на мафијата со цел лична корист. Стевчо Јакимовски е криминалец парекселанс. Таков криминалец како Стевчо Јакимовски, кој е на црна листа на САД не може да ја води општина Карпош, додаде Александра Миновска, кандидат за советник во Советот на Општина Карпош.