Македонија во својот дом имаше партиски штаб на СДСМ

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор

Со овие луѓе не можеме да очекуваме да имаме судство кое ќе работи за граѓаните, туку само за мафијата од СДС и ДУИ, потенцира во изјавата Андоновска.

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор

Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Судијката која можеше да го спречи убиството на Фросина, ако на Ваисл Јованов му досудеше затвор, во куќата сместила штаб на СДС, рече Андоновска и праша:

Зарем треба нешто повеќе да се каже за спрегата меѓу судството и СДС?

До каде оди лудилото кога веќе не се ни кријат дека се во релација?

Дали вакво судство треба да продолжи да одлучува за судбините на граѓаните?

И како можеме од вакви судии да очекуваме непристрасност и судење според закон?

И истата оваа Aлексовска Стојановска која како судијка во куќата имала штаб на СДС и ден денес суди. Судскиот совет не ја разрешува, затоа што тоа се чедата на Заев, Ахмети и Наке Ѓоргиев во судството и обвинителството, изјави Андоновска.

Со овие луѓе не можеме да очекуваме да имаме судство кое ќе работи за граѓаните, туку само за мафијата од СДС и ДУИ, потенцира во изјавата Андоновска.

Најнови вести од Македонија

To top