Хроника

Тешко повредена тетовка, ја удрил со електричен тротинет и избегал

Тешко повредена тетовка, ја удрил со електричен тротинет и избегал

На 25.09.2025 околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна Чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Најнови вести од Хроника

To top