Борусија Дортмунд стигна до ново засилување откако ги договори условите за позајмување на фудбалерот на Челси, Иан Матсен, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.
Германскиот и англискиот тим постигнале вербален договор, 21-годишниот Холанѓанец веќе го прифатил преминот во Бундеслигата па остануваат само формалностите како медицинскиот преглед и официјалното потпишување на договор кои се очекува да бидат комплетирани следните денови.