Свет

ВИДЕО: Украинците со дронови уништиле транспортни авиони на Крим

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) изврши успешен напад со дронови на окупираниот Крим, при што беа уништени два руски транспортни авиона Ан-26 и две радарски станици. Овој напад е дел од континуираните напори на Украина да ја елиминира клучната руска воена инфраструктура на полуостровот.

Според медиумски извештаи, специјалните единици на ГУР ги запалиле авионите и уништиле руски радарски систем за надзор на површината и крајбрежна радарска станица МР-10М1 Мис М1.

Антонов Ан-26, двомоторен турбоелисен авион од советската ера, често се користи за превоз на до 40 војници или 5,5 тони товар на кратки и средни релации. Уништените радарски станици, пак, биле клучен дел од крајбрежниот одбранбен систем, задолжени за рано предупредување и следење на цели на море.

ГУР на социјалните мрежи објави и снимка од нападот со пораката: „Како убаво горат транспортните авиони Ан-26 на московјаните – погледнете го видеото!“, пренесе Киев Индипендент.

Окупираниот Крим и натаму е клучна мета на украинските напади. Во последните недели забележани се засилени операции насочени кон аеродроми, радарски станици и друга воена инфраструктура.

Претходно, пред четири дена, ГУР извести за уништување на три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица, а само еден ден подоцна украинските сили нападнаа и два амфибиски авиона Бе-12 Чајка.

To top