Храна и Пијалаци рецепт

Канелони Болоњезе

Вкусно, кремасто и совршено за семеен ручек или специјална пригода. Овој рецепт за канелони наполнети со сос Болоњезе и прелиени со нежен сос од сирење ќе ве освои уште од првиот залак. Лесен е за подготовка, а резултатот е вистинско уживање за сите сетила.

Канелони Болоњезе

Состојки:

200 g канелони
3 сос Болонезе (800 грама)
30 g путер (околу 2 лажици)
1 лажица брашно
¼ лажичка мелен морско оревче
400 ml млеко
200 грама рендано сирење по избор (моцарела, пармезан, гауда…)
сол (по вкус)
мелен црн бибер (по вкус)

Подготовка:

Во тава растопете го путерот, па додајте го брашното и пржете со постојано мешање. Кога брашното ќе добие златна боја, постепено додавајте го млекото, мешајќи со жица за матење за да не се создадат грутки. Додајте го морското оревче, солта и биберот, и варете неколку минути додека сосот не се згусне малку. Тргнете од оган и додадете 150 грама сирење со мешање, додека целосно не се растопи. Сосот треба да остане малку редок. Загрејте ја рерната на 180°C. На дното на огноотпорен сад ставете две лажици од Болоњезе сосот. Канелоните наполнете ги со преостанатиот сос Болонезе (најлесно е со слаткарска кеса) и наредете ги во садот. Прелијте ги со сосот од сирење. Посипете го преостанатото сирење и додадете малку свежо мелен бибер одозгора. Печете во рерна 30–40 минути, или додека површината не добие златна, крцкава кора. Оставете ги канелоните да одморат 10-тина минути пред сервирање. На тој начин ќе се стабилизираат и полесно ќе се сечат.

To top