Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на промоцијата на соработката со Clarivate – Web of science, преку која се овозможува бесплатно користење на научните бази на платформата за сите јавни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Претставници на Clarivate ќе ги претстават можностите на платформата Web of science пред членови на академската и научна заедница во Македонија.