Ракомет

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Е. Пелистер

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Е. Пелистер

Македонскиот ракометен суперлигаш Вардар ја информира јавноста дека ги пушти во продажба билетите за дерби натпреварот против актуелниот шампион на Македонија Е. Пелистер.

Продажбата ќе се врши онлајн на следниот линк и на билетарницата на салата, секој работен ден од 10 до 18 часот (почнувајќи од четврток 25 септeмври)

Цените на билетите се:
Блок А2, А3, А5 и А6 – цена – 300 денари
Блок 1, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14, 15, 16 – цена – 250 денари

Натпреварот е закажан за први октомври, а ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 19:00 часот.

To top