Фудбалерите на Башкими и Вардар во понеделник ќе го затворат осмото коло од новата сезона во Првата македонската фудбалска лига, во натпревар кој што ќе се одигра во Куманово.
Врз основа на писменото барање од страна на комисијата за натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија токму овој дуел го прогласи со зголемен ризик.
„Ве молам во врска со првенствениот натпревар да преземете мерки согласно вашите овластувања. Клубовите да ги преземат мерките согласно законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и правилникот за безбедност и сигурност на фудбалските натпревари на ФФМ“, стои во писмото.
Натпреварот во Куманово се игра в понеделник од 15:00 часот.