Познати Милано

Холивудски гламур: Деми Мур во светкава тоалета на Модната недела

Покрај Мур, на Неделата на модата во Милано пристигнаа и бројни други ѕвезди, меѓу кои Серена Вилијамс, Ана Винтур, Гвинет Палтроу и Лила Мос.

Холивудски гламур: Деми Мур во светкава тоалета на Модната недела

Американската глумица Деми Мур се појави на Неделата на модата во Милано, облечена во фустан украсен со светки и реси, внесувајќи холивудски гламур на настанот на северот на Италија.

Својот изглед актерката го комплетираше со фризура со кадрици, едноставна шминка, накит и добро расположение. Со оваа креација, според познавачите, докажа зошто е една од најдобро облечените познати жени на денешнината. Модниот бренд „Гучи“ почна нова ера под водство на креативниот директор Демна Гвазалија. Глумицата, заедно со Едвард Нортон, се појавува во кусиот филм „Тигар“ (The Tiger) којшто беше прикажан на настанот.

Според Демна, дебитантската колекција е „беспрекорно секси, екстравагантна и одважна“.

Покрај Мур, на Неделата на модата во Милано пристигнаа и бројни други ѕвезди, меѓу кои Серена Вилијамс, Ана Винтур, Гвинет Палтроу и Лила Мос. Настанот трае до 29 септември. Ќе бидат прикажани 54 ревии и четири онлајн-ревии. Ова престижно модно збиднување ќе заврши со прослава на 50-годишнината од брендот на Џорџо Армани, кој почина на 4 септември, оваа, 2025 година, на 91-годишна возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Goreski (@bradgoreski)

To top