Во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ вечер ќе се одржи промоција на најновата книга поезија „Звуци и зраци“ од Ристо Маџунков.
На промоцијата за поезијата на Ристо Маџунков ќе зборуваат рецензентот Трајче Бјадов и промоторот Ацо Гогов, а обраќање ќе имаат и фолкористот Иван Котев и уредникот во книжевното списание „Современост“, Стефан Марковски. Стихови од „Звуци и зраци“ ќе читаат Гонца Шивачева, Мариета Дукиќ, Павле Стојанов и Ален Нанов, а модератор на настанот ќе биде Ѓорги Калајџиев.
„Звуци и зраци“ е во издание на најстарото македонско книжевно списание „Современост“ и е осма поетска објава на Ристо Маџунков.
Досега ги објавил „Капки“ (2023 година, второ издание), „Корени“ (2022), „Спомени“ (2020), „Семки“ (2019), „Вечен збор“ (2018, второ, преработено издание), „Прашинки“ (2017), „Капки“ (2014, прво издание), „Глас во пустина“ (1994), „Вечен збор“ (1992, прво издание).
Ристо Маџунков (1948) од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада, но редовно престојува по неколку месеци во годината во родната Струмица.