Организаторите на Мастерсот во Шангај официјално потврдија дека четирикратниот шампион на овој турнир ќе биде дел од престижното натпреварување кое ќе се одржи од 1 до 12 октомври.
Ѓоковиќ последен пат настапи на УС Опен, каде што неговиот поход кон уште еден грен-слем трофеј беше запрен во полуфиналето.
Таму загуби од Шпанецот Карлос Алкарас, кој воедно подоцна го освои и турнирот.
Враќањето во Кина за Новак има посебна тежина, токму во Шангај тој има оставено длабока трага во својата кариера. Со четири титули зад себе и финале минатата година, српскиот ас се смета за еден од најуспешните играчи во историјата на турнирот.