Љубов и Секс истражување

Мажите, с*ксот и годините

Природно е мажите да издржуваат помалку во кревет како што стареат. Ова, секако, може да зависи и од голем број други фактори, вклучувајќи колку алкохол консумираат, под колкав стрес се итн. Сепак, утврдено е просечното времетраење на нивниот сексуален однос според возраста.

Истражувањето го спроведе британската компанија Lovehoney. Мажите на возраст од 18 до 24 години издржуваат во просек 16,14 минути во кревет. Експертот за сексуално здравје Сара Мулиндва изјави за Metro.co.uk дека не постои „вистинска бројка“ за тоа колку долго треба да трае сексуалниот однос.

„Истражувањата покажуваат дека времетраењето на сексот обично достигнува врв помеѓу доцните дваесетти и раните триесетти години и постепено се скратува како што мажите стареат“, рече таа, меѓу другото.

Помеѓу 25 и 34 години, времето потребно за постигнување оргазам се зголемува на 18,29 минути. Мулиндва изјави дека искуството и подобрата комуникација го прават сексот попријатен.

Мажите на возраст од 35 до 44 години поминуваат во просек 17,4 минути во кревет. Кај оние во триесеттите до средината на четириесеттите години, мажите доживуваат мало опаѓање на издржливоста.

Доста големо опаѓање на издржливоста се јавува од 45 до 54 години, кога сексуалниот однос трае просечно 14,15 минути. Од 55 до 64 години, им се потребни просечно 11,3 минути за да доживеат оргазам. На оние на возраст од 65+ години им се потребни просечно 8,3 минути.

To top