На церемонијата во Париз на која ќе се додели Златната топка, беа избрани и најдобрите голмани за изминатата сезона во машка и женска конкуренција.
Наградите ги додели великанот меѓу стативите, Џиџи Буфон.
Кај дамите победничка е Хана Хемптон од Челзи, додека кај мажите победи Џанлуиџи Донарума од ПСЖ, сега член на Манчестер Сити.