Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој заедно со отецот Оливер со својата сопруга и дел од кабинетот го мина Божиќниот ден во црковно-народната кујна на хуманитарната организација “Свети Спас”, каде заеднички подготвија триста оброци за социјално-загрозените граѓани.
-Божиќ е празник на благослов, благодарност, подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес подготвивме божиќен ручек за околу 300 наши сограѓани, во соработка со хуманитарната организација ,,Св. Спас” и мојот драг пријател отец Оливер, мојата сопруга и дел од мојот тим. Ви посакувам честит празник и неизмерна љубов во семејството, мир и бериќет. Посакувам сите луѓе да се среќни! Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нѐ награди. Христос се роди, да сте ми здрави и живи-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Инаку Божикните празнувања во општина Кисела Вода беа одбележани со повеќе хуманитарни активности. Градоначалникот подели голем број на хуманитарни пакети на повеќе семејства во социјален ризик, а во текот на вчерашниот ден со коледарски пакетчиња ги даруваше дечињата кои беа од Бадниковата поворка.