Заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и пратеничката Ангелинка Петкова, беа во посета на доградениот објект „Сончогледи“ – ЈОУДГ „Детска радост“, кој веќе е во завршна фаза и истиот се очекува да се отвори во најскоро време.
Овој објект е дограден со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, додека општината ја обезбеди опремата, сè за да создадеме најдобри услови за децата.
Со капацитет од 135 деца, градинката ќе биде вистински дом за најмладите, каде ќе можат да растат, учат и се развиваат во здраво и позитивно опкружување. Со отворањето на овој објект, листите за чекање за упис на дечиња во општина Гевгелија, ќе биде сведена на нула, објави Велковски.
За нас, како Министерство и Влада, вложувањето во проширување на капацитетите за згрижување на децата е приоритет! Децата се нашето најголемо богатство, а нивната иднина е најважната инвестиција, потенцира заменик министерот Велковски.
Со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и пратеничката Ангелинка Петкова, бевме во посета на…
Posted by Ѓоко Велковски on Monday, September 22, 2025