Ракометарите на Пролет се радуваа на домашна победа против Радовиш од (14-13) во рамките на третото коло на Суперлигата.
Средбата во салата „Македонско сонце“ му припадна на домаќинот кој се врати на победите откако во минатата рунда загуби од Еурофарм Пелистер. Од друга страна, за гостинот од Радовиш ова беше трет пораз.
Во следното коло Пролет оди на гости во Прилеп, а Радовиш е домаќин на Алкалоид.