Ракомет

Е.Пелистер убедливо го совлада последниот на табелата Радовиш

Е.Пелистер убедливо го совлада последниот на табелата Радовиш

Е.Пелистер без проблеми запиша победа над Радовиш во првенствениот меч од 20. коло во Суперлигата.

И со комбиниран тим актуелниот шампион не виде мака со Радовиш кого го надигра со 39-24. Битолчани одиграа колку што им беше доволно против фенерџијата во шампионатот, средба во која двете полувремиња ги добија со 21:14 и 18:10.

Во елемент беше поранешниот македонски репрезентативец Манасков со десет постигнати голови, додека по пет реализации имаа  Борзаш, Ристевски и Петровиќ.

Кај поразените за кого ова беше прв натпревар под водство на новиот тренер Игор Котевски, се истакна Сантош со седум реализации.

To top