Килијан Мбапе му кажал ДА на Реал Мадрид и во следната сезона ќе го облече дресот на најтрофејниот европски клуб, јавуваат неколку медиуми од Франција.
„Foot Mercato“ прв ја објави оваа информација што подоцна беше пренесена од бројни медиуми ширум Европа, според кои трансфер-сагата е завршена и Французинот на крајот од оваа сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралскиот клуб“ повеќе од две години активно преговара за да го доведе Мбапе во своите редови, се чинеше дека во 2022 работата е завршена, но во последен момент се случи пресврт и Французинот потпиша нов двогодишен договор со ПСЖ, земајќи огромни бонуси за таа „лојалност“.