Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да обезбеди полуфинале на турнирот во Куршумлиска Бања, откако загуби по голема борба од Австријката Лили Тагер со 1-2 во сетови (3-6, 7-5, 6-7).
Ова е нејзин втор пораз од истата противничка во рок од неколку дена, по финалето во Букурешт каде исто така славеше Тагер.
Австриската тенисерка влезе подобро во мечот и со два брејка поведе со 3-0. Ѓорческа успеа да намали на 3-4, но Тагер повторно ја одзеде иницијативата и го освои првиот сет со 6-4. Вториот сет започна лошо за македонската тенисерка, која веднаш го загуби својот сервис, но со серија одлични удари успеа да направи пресврт и да израмни на 1-1 со освоен сет од 7-5.
Решавачкиот сет донесе нова драматична борба. Тагер прва стигна до брејк во петтиот гем (3-2), но Ѓорческа возврати и израмни на 5-5.
Победникот се одлучуваше во тај-брејк, каде што Австријката беше посмирена во клучните поени и славеше со 7-5.